Пендаровски: Во Југославија имаше три официјални јазици, еден од нив беше и македонскиот

Ставот на бугарските академици дека не пости македонскиот јазик е анахрон за 20-от и 21-от век во кој живееме, изјави претседателот Стево Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање во врска со реакцијата на Бугарската академија на науките (БАН) на Повелбата за македонскиот јазик на МАНУ.

– Македонскиот јазик  и македонската нација се факт. Македонскиот јазик е лингвистички факт со децении и децении наназад и тоа е утврдено и на меѓународно ниво. Мислам дека е беспредметно да разговараме за нешто што е гол факт, ноторен факт што го знаат сите, не само кај нас и не само кај нив, го знаат во целиот свет, изјави Пендаровски на маргините на Регионалниот антикорупциски форум на СЕЛДИ во Скопје.

Тој потенцира дека и Преспанскиот договор се повикува на Конференцијата на ОН од 1979 година на која македонскиот јазик е нормиран како еден од јазиците во јужнословенската група и е меѓународно признаен.

– Да потсетам според Уставот на поранешна Југославија од 1974 година, таа држава имаше три официјални јазици. Еден од трите јазици беше и македонскиот јазик. Тоа значи дека кога тогашна Југославија беше членка на ОН и во личната карта како на секоја земја членка на ОН уште од 1974 година стоеше и македонскиот јазик. Значи тоа е апсолутно неспорна работа и јас навистина мислам дека би губеле време да се убедуваме дали нешто постои или не постои. Тоа постои, исто како што македонската нација е факт и околу тоа никој нормален во нашата земја нема да дебатира, ниту да потпишува договори со кого било, истакна Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот