Пендаровски во Чешиново-Обелешево: Отпочнување на преговори со ЕУ значи 900 милиони евра годишно за развој

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски денеска беше во посета на општина Чешиново-Облешево каде со граѓаните разговараше на повеќе актуелни теми.

Пред присутните, Пендаровски повика да се искористи позитивниот момент и да продолжи интеграцијата кон ЕУ и НАТО, затоа што тоа значи подобра иднина за сите.

– Со отпочнувањето на преговорите со ЕУ, пред нашата држава се отвора можност да користиме околу 900 милиони евра годишно за развој од фондовите на ЕУ. Од нив голем дел се наменети за земјоделството, гранка која е особено важна за овој дел од државата. Затоа, да го искористиме моментот, да продолжиме напред кон интеграција во ЕУ и НАТО, да продолжиме кон развој и напредок. За да имаме подобар живот, за младите да останат тука, повика Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот