Пендаровски: Вашата правда е и моја правда (ВИДЕО)

Со химната испеана од Хорот „Злата Мегленска“ СДСМ и коалицијата го започнаа денешниот митинг во главниот град. Пред насобраните поддржувачи на оваа партија и коалициони партнери прв се обрати ракометарот кој ги бранеше боите на македонската репрезентација Наумче Мојсовски.

Тој истакна дека е убеден дека се чекори кон вистинскиот пат, кон НАТО и ЕУ и дека Пендаровски е вистинскиот играч, дека ќе го осстави срцето на терен за подобро утре, додавајќи дека Пендароски ја има неговата поддршка.

Градиме едно општество за сите и горди сме што тој концепт е препознаен како концепт за успех и прогрес. Градиме општество во кое сите сме еднакви пред законите, порача на денешниот митинг во Скопје кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

– Вашата правда е и моја правда, вашата неправда ќе биде и моја грижа. Се обврзувам како и досега да водам политики на заедништво, а не политики на поделби. Мојата искрена заложба е да се почитуваме, а не да се мразиме. Имам намера да помирувам, не да разгорувам конфликти. Како претседател сум подготвен да водам напред. Неуморно да работам на процесот за членство на НАТО, да бидам предводник на процесите што ќе доведат до членство во ЕУ. Противкандидатот Гордана Сиљановска ниту сака ниту може да биде претседател на сите граѓани, таа единствено сака да биде наследник на Ѓорги Иванов. Не ни треба уште еден кочничар кој јавно се заканува дека ќе ја повлече државата назад.

Имаме неповторлива можност како генерација да оставиме трајно наследство. Обезбедена и сигурна држава, рамноправен член на сите сојузи. Оние кои мислат дека сигурноста можеме да ја обезбедиме без НАТО и ЕУ, се лажат себеси. Немаме повеќе генерации за губење и нема да и дозволиме на политичката опозиција да не вратат назад. На сите оние кои сакаат да не вратат назад, гласно да им порачаме дека сите заедно ќе одиме напред – рече Пендаровски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот