Пендаровски: Утре попладне ќе биде соопштена конечната одлука за датум за преговори

Претседателот Стево Пендаровски во изјава за медиумите истакна дека се прават последни дипломатски напори Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, бидејќи како што рече, работата сè уште не е завршена.

-Државниот врв ќе лобира до последен момент, за позитивна одлука на седницата на Европскиот совет во Брисел- рече претседателот Стево Пендаровски, истакнувајќи дека не сака да верува дека земјава ги загубила шансите за почеток на пристапните преговори.

Дали Македонија ќе добие задоволителна формулација од Брисел ќе се знае утре попладне, кога официјално ќе биде соопштена конечната одлука на лидерите на земјите членки на Унијата. И во случај на негативна одлука, како што напомена Пендаровски, Европа и нашето интегрирање останува единствена опција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот