Пендаровски – Туск: Граѓаните на Македонија заслужуваат европска иднина

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски денеска имаше средба со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, на која биле разменети мислења за севкупните состојби во земјата и во регионот, како и за аспирациите на државата за членство во Европската унија.

Пендаровски, како што информираат од неговиот кабинет, истакнал дека Македонија во изминатите две години донесе тешки одлуки за многу чувствителни прашања, вклучувајќи ја Преспанската спогодба со Република Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија, и дека спровела суштински и темелни реформи во многу клучни области, со што ја потврди својата посветеност на евроинтегративниот процес.

На средбата, Пендаровски изразил, очекување дека Европскиот Совет во октомври ќе ги валоризира напорите на државата и ќе ја верификува десетата препорака на Европската Комисија преку одредување на датум за почеток на пристапните преговори за членство на Македонија во Европската унија.

Прочитајте и...  Спасовски: Изборите треба да се одржат на 5 јули

Почетокот на пристапните преговори, според претседателот Пендаровски, ќе биде силен импулс за натамошно реализирање на суштинските реформи во државата до нејзиното идно членство во унијата, што ќе придонесе за севкупната стабилност и просперитет на државата и на регионот.

Претседателот Пендаровски, на средбата изразил и благодарност на претседателот Туск за неговата јасна и директна поддршка за европската иднина на Македонија.

Прочитај повеќе

Шекеринска: Избори на 5 јули

МИА Агенција

Се чека одговор од Комисијата за заразни болести – дали угостителите ќе бидат ослободени од обврската да ги легитимираат гостите

МИА Агенција

Двајца починати и 62 новозаразени од ковид-19

МИА Агенција

Мухамед Зекири позитивен на Ковид-19

Слободен печат

Ангеловска: Ќе има измени во протоколите за кафулињата

Слободен печат

Бектеши: ДУИ останува на ставот дека е потребен консензус за датумот за избори

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Македонец од Белгија сведочи: Пред да се заразам мислев дека ковид-19 е само обичен грип

МИА Агенција

Идната недела треба да почне издавањето на картичките „Купувам домашно”

МИА Агенција

Папата ги повика светските лидери да даваат пари за истражување, а не за оружје

МИА Агенција

Ангеловска: Остварувањето на буџетските приходи е 12,7 милијарди денари

МИА Агенција

Спасовски: Изборите треба да се одржат на 5 јули

МИА Агенција

Рестриктивните мерки зависат најмногу од граѓаните, смета Спасовски

МИА Агенција