Пендаровски: Tраењето на оваа вонредна состојба од 14 дена, нема никаква врска со датумот на следните избори

Да разјаснам дека голем дел од мерките кои се преземаат, а се поврзани со органичувањето на движењето на граѓаните, на затворањето на училиштата, на стопанските субјекти, не се на ниеден начин поврзани со декларирањето на вонредната стостојба, дури и во вонредна состојба тие мжат да бидат укинати- рече Пендаровски.

Сакам да истакнам дека траењето на вонредната состојба, овој пат од 14 дена, нема никаква корелација со датумот на следните избори, рече претседателот на државата, Стево Пендаровски, по состанокот на Советот за безбедност.

-Тоа е посебна тема која ќе ја дискутираме следната недела на лидерската средба. Изминативе денови до мене стигаа многубројни реакции во однос на прогласување на вонредната состојба, кадешто многумина не беа информирани кои се вистинските ефекти во животот на секој од нас од прогласената вонредната состојба. Да разјаснам дека голем дел од мерките кои се преземаат, а се поврзани со органичувањето на движењето на граѓаните, на затворањето на училиштата, на стопанските субјекти, не се на ниеден начин поврзани со декларирањето на вонредната стостојба, дури и во вонредна состојба тие мжат да бидат укинати- рече Пендаровски.

Нова вонредна состојба ни е потребна, рече Пендаровски, исклучиво за справување со еконмските ефекти поврзани со ковид-19, како и со заокружување на здравствените одговори на пандемијата.

На седницата присутни беа техничкиот премиер Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот