Пендаровски – Тејада: Интензивирање на политичкиот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и Швајцарија

Фото: МИА

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими амбасадорката на Швајцарската конфедерација, Сибиле Сутер Тејада.

На средбата, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Швајцарската Конфедерација, при што било изразено задоволство од развојот на соработката на билатерален и на мултилатерален план.

Во таа насока, претседателот Пендаровски изразил подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на високо ниво.

Претседателот Пендаровски се заблагодарил за севкупната помош и поддршка од Швајцарија за Северна Македонија, преку реализација на бројни проекти за подобро функционирање на институциите и за подигнување на квалитетот на живот на граѓаните и изрази очекување таа да продолжи и во иднина.

Амбасадорката Тејада упати честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во работата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот