Пендаровски-Столтенберг: Со здружени сили за справување со пандемијата со коронавирусот

Во телефонскиот разговор претседателот Пендаровски му се заблагодари на генералниот секретар за топлото и искреното добредојде за Северна Македонија во НАТО, подвлекувајќи дека членството во најголемата безбедносна алијанса за нас е поттик за натамошен развој и значен придонес кон стабилноста, безбедноста и просперитетот на сегашните и идните генерации.

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска, 7 април, оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Во телефонскиот разговор претседателот Пендаровски му се заблагодари на генералниот секретар за топлото и искреното добредојде за Северна Македонија во НАТО, подвлекувајќи дека членството во најголемата безбедносна алијанса за нас е поттик за натамошен развој и значен придонес кон стабилноста, безбедноста и просперитетот на сегашните и идните генерации.

Претседателот Пендаровски го информираше генералниот секретар Столтенберг за состојбата со спречување и справување со последиците од пандемијата на COVID-19 во Северна Македонија и активностите кои се преземаат од страна на надлежните институции. Соговорниците разговараа за активностите кои НАТО ги презема со цел оваа здравствена криза да не премине во безбедносна, осврнувајќи се притоа на се поприсутните дезинформации и начините за справување со истите.

Покрај ова, соговорниците изразија задоволство од фактот дека НАТО дава поддршка на своите земји-членки во логистичка и транспортна поддршка за транспорт на медицинска опрема, која е неопходна кај земјите членки, медицински персонал, како и употреба на иновативни технологии за креирање на медицинска опрема.

Во таа насока претседателот информираше дека повеќе земји-членки на НАТО веќе дадоа помош на Северна Македонија, поткрепувајќи го во пракса сојузништвото во справувањето со глобална криза како пандемијата на COVID-19. Северна Македонија е исто така дел од здружениот информативен систем на НАТО, преку, Центарот за управување со кризи, кој е дел од програмата на НАТО наречена „Next generation incident system” која служи за подобра размена на информации и подобра соработка меѓу институциите во земјава.

На крајот, соговорниците договорија засилена комуникација помеѓу надлежните институции во претстојниот период како и размена на информации во делот на справувањето со пандемијата со COVID-19 и организираните кампањи за ширење лажни вести. Заеднички беше констатирана  потребата од здружување на силите и нагласена солидарност меѓу сојузниците со цел успешно справување со кризата која има не само здравствена, туку и социјална и економска димензија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот