Пендаровски: Со вежбата „Одлучен удар 21“ се зајакнува билатералното партнерство со соседите Бугарија и Грција

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски истакна дека со вежбата „Одлучен удар 21“ се зајакнува билатералното партнерство со нашите два соседа, Република Грција и Република Бугарија.

Тој порача дека тука работата не е завршена, напротив, земјава ќе продолжи со инвестирање во одбраната и модернизирање и опремување на Армијата.

– Во изминатите две недели имавте одлична можност да ја проверите интероперабилноста на неколку НАТО држави. Неспорно е дека покажавте капацитет и способност за планирање и организирање на големи вежби заедно со другите сојузнички армии. Освен што е потврда во воена смисла, оваа вежба е исклучетелно значајна за зајакнување на транс-атланското партнерство и преку тоа и за безбедноста на Европа и Западен Балкан. Со оваа вежба го зајакнуваме билатералното партнерство со нашите два соседа и во исто време ја интевизираме регионалната соработка во областа на одбраната и безбедноста, истакна Пендаровски.

Државниот и воен врв на Криволак со високи гости: Македонија фактор на стабилност во регионот и извозник на безбедност

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот