Пендаровски: Со ограничувањето на движење и затворањето на границите директно страда економијата (ВИДЕО)

До истекот на вонредната состојба ќе свикам најмалку уште една седница на Советот за безбедност, за пред нејзинитот евентуално продолжување на нејзиното евентуално продолжување да биде презентирана целокупната ситуација со сите витални папаметри за носење на одлука – рече Пендаровски.

Претседателот на државата Стево Пендаровски, после завршувањето на 4. Седница на Советот за безбедност рече дека ни претстои тежок период, со истиот, потенцираше дека се соочува сиот свет.

-Со ограничувањето на движење и затворањето на границите директно страда економијата, сведоци сме дека и најразвиените земји се соочуваат со истиот предизвик. Во овој момент потребни се серија мерки и одговорни одлуки со цел да се намалат колку што може штетите по националната економија- рече Пендаровски.

Тој истакна дека за таа цел потребна е мобилизација на сите економски капацитети на државата и прибегнување кон најрадикалните мерки само во крајна нуждта и со определен временски рок.

-Советот на безбедност ќе продолжи да ја следи работата на сите вклучени институции во овој период. До истекот на вонредната состојба ќе свикам најмалку уште една седница на Советот за безбедност, за пред нејзинитот евентуално продолжување на нејзиното евентуално продолжување да биде презентирана целокупната ситуација со сите витални папаметри за носење на одлука – рече Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот