Пендаровски со дел од кандидатите на Академијата за судии и обвинители (ФОТО)

Претседателот Стево Пендаровски, на нивно барање, денеска прими претставници на група од 14 кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на VII генерација слушатели на почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев” – Скопје, кои не се најдоа на конечната ранг-листа за прием.

На средбата, на која присуствуваше и директорката на академијата, Наташа Габер-Дамјановска, претставниците на групата кандидати го изнесоа незадоволството што не се најдоа на конечната ранг-листа на 60 примени кандидати за почетна обука, откако Управниот одбор на академијата утврди посебна квота за припадници на заедниците што не се мнозинство во Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски ги повика засегнатите страни за изнаоѓање на решение за настанатата состојба, во согласност со Уставот и законите, а преку почитување на начелата за недискриминација, соодветна и правична застапеност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот