Пендаровски: Случајот„Рекет” да се реши што побрзо, да не се остави ни најмал сомнеж

Претседателот Стево Пендаровски денеска побара од надлежните што е можно побрзо да го решат случајот „Рекет” и да не се остави ни најмал простор за сомнеж.

– Последниве денови сме сведоци на една крупна афера која има многу шпекулации, која очигледно оди низ многу слоеви на нашето општество, и економски, и криминални, и политички, за жал. И јас од оваа позиција  не гледам политички притисок ако кажам дека инсистирам државните органи во таа така наречена ситуација или случај „Рекет” да ја истераат работата што е можно побрзо, до крај. Навистина до крај за да не се остави ни најмал простор за сомнеж, дека некој некого штити  или дека повторно се рециклираат некои лоши практики од минатото, кога одредени политички фактори штитеа бизниси, односно беа заштита за криминалните бизниси и на тој начин знаеме до кое дереџе дојдовме, истакна Пендаровски, кој денеска беше во посета на Стопанската комора на Македонија (ССК).

Тој потсети дека ЕК во својот Извештај од 2017 година не дефинираше како заробена држава, најмногу заради политичка поларизација, но и заради тоа, како што наведе, „што во бизнисот се знаеше кој може да го прави и кој смее воопшто да влезе на тоа поле”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот