Пендаровски: Сите етнички заедници го поддржуваат членството во НАТО - Слободен печат

Пендаровски: Сите етнички заедници го поддржуваат членството во НАТО

Во Република Северна Македонија постои фактор плус зошто е добро нашата земја да стане членка на НАТО, а го нема кај сите други нови земји членки. Сите етнички заедници го поддржуваат членството во НАТО, а тоа го покажуваат и најновите анкети кои ја мерат поддршката за наше членство, кое е над 70 проценти. Ако ги развиете по етнички заедници, анкетите покажуваат дека огромно мнозинство од сите етнички заедници поддржуваат членство во Алијансата што, преведено, значи дека НАТО е фактор на стабилност и ја засилува внатрешната кохезија.

Ова денеска го истакна претседателот Стево Пендаровски пред студентите на ФОН Универзитетот на дебатата на тема „Безбедна младина, посигурна иднина” во рамките на НАТО-карванот како дел од активностите на проектот Инфоцентар за евроатлантски интеграции.

Претседателот ги потсети студентите на трите мисии на НАТО во нашата земја, односно на собирањето на нелегалното оружје кај нашите граѓани во 2001 година, како и втората и третата кои се надоврзаа на првата за реинтеграцијата на кризните региони. Со тие три мисии во 2001 и 2002 година, рече Пендаровски, НАТО ни помогна да се вратиме во нормала и сите анализи покажуваат дека кандидатскиот статус на ЕУ се должи на тоа што НАТО ни помогна да се рехабилитираме многу брзо, вклучувајќи ги инашите војници кои учествуваа во одредени мисии. Преседателот информираше дека Алијансата ни помага во одржување на безбедноста на земјата со споделувањето на одредени информации.

– Од ланската покана да станеме членка, до сега приливот на информации на дневно ниво од сите 29 сојузници се движи од 800 до 1.200 дневно, тоа се безабедносни информации кои ги имаат членките кои ги споделуваат со нас. Алијансата конкретно ни помагаше, не како организација, туку на билатерлана основа, кога бевме подложени на најфрекфентната политичка пропаганда содржана во т.н. лажни вести кои се обидуваа да ги одвратат нашите луѓе да гласаат на референдумот за да се приклучиме кон Алијансата, односно да го прифатиме Преспанскиот договор. Ако ја немавме таа поддршка многу полошо ќе поминевма во справување со тие лажни вести, бидејќи објективно ние немаме ресурси да се спротиставиме поадекватно, како што тоа го направивме со помошта од неколку битни земји членки на НАТО, рече Пендаровски.

Претседателот посочи и на одредени алтернативи, но нагласи дека тие не се добри за нас. Тој го спомна примерот со Србија која 11 години има декларирано  воена неутралност и не бара членство во никакви воени сојузи.

– За држава со нашиот капацитет за таква декларација би требало, освен внатрешното усогласување, да имаме согласност од сите соседи за нашата неутралност и клучните меѓународни фактори да се согласат со тоа. Таква согласност нема, ниту ни било нудено, рече Пендаровски.

Амбасадорката на Велика Британија во нашата земја Рејчел Галовеј  на студентите, покрај безбедносните придобивки, им ги посочи и можностите за граѓаните на државата, а посебно за студентите.

– Постојат многу стипендии кои што ги нуди Североатлантската организација.  Имаме програма на НАТО за наука за мир и безбедност што нуди финансирање за повеќегодишно истражување и развој на проекти поврзани со безбедноста на стратешките цели на НАТО, истакна Галовеј.

Студентите на ФОН имаа можност со претседателот Пендаровски и амбасадорката Галовеј да дебатираат за придобивките од евроатлантските интеграции и зачленувањето на државата во НАТО, како и да дознаат повеќе за процесот и важноста од евроатлантските интеграции и улогата која Алијансата ја има во одржувањето на мирот и безбедноста на Балканот и пошироко.

Прочитај повеќе

Ужас во Нови САД: Со секира нападнат млад човек

Слободен печат

Солзи во очите и цвеќиња во рацете: Пречекани телата на загинатите Украинци

Слободен печат

Македонците во Албанија го одбележаа празникот Богојавлние-Водици

Слободен печат

Путин: Да не штедиме напори за решавање на конфликтот во Либија

Слободен печат

Кина погодена од силен земјотрес

Слободен печат

Ѓорчев: Во Македонија никогаш досега не се раѓале помалку деца

Слободен печат

Остави Коментар

twelve + 5 =

Прочитај повеќе

Ердоган: Хафтар покажа дека не е за политичко, туку за воено решение

Слободен печат

„Пивтијада” по 19. пат во Куманово

МИА Агенција

Песочна бура „бришe“ се пред себе во Австралија (ВИДЕО)

Горан Наумовски

Иран ќе настојува да ги анализира црните кутии од украинскиот авион

МИА Агенција

Вучиќ и Дачиќ разговараа за соработката и изборните модалитети

МИА Агенција

Административците следната недела ќе добијат колективен договор

МИА Агенција