Пендаровски: Секое законско решение треба да биде исклучиво во интерес на граѓаните

Претставниците на Комората на извршители на средбата нагласија, дека сите законски измени не смеат да бидат на штета на извршувањето, како важен сегмент на функционирањето на правната држава.

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски се сретна со претставници од Комората на извршители, а на средбата присуствуваше и министерката за правда Рената Тренеска Дескоска.

-На средбата се разговараше за предложените измени на Законот за извршување, како и за предлозите за посебно законско решение за ограничување на максималниот износ на каматите во однос на главнината на долгот, за воведување на институтот „личен банкрот” и за рокот на застареност на побарувањата, особено воведување на апсолутен рок на застареност- наведуваат од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Претставниците на Комората на извршители на средбата истакнаа дека се задоволни од законските измени кои предвидуваат отпис на два вида на долгови, односно долгови на граѓаните кон јавните претпријатија, како и отпис на долговите на ЈП кон државните органи. Но, нагласија дека сите законски измени не смеат да бидат на штета на извршувањето, како важен сегмент на функционирањето на правната држава.

Претседателот Пендаровски, од своја страна, го повтори својот став дека секое законско решение треба да биде исклучиво во интерес на граѓаните на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот