Пендаровски се сретна со шампионот Алили: Честитки за победата!

Претседателот Стево Пендаровски информираше дека го посетил боречкиот клуб „Лирија“,  ко је всушност матичниот клуб на европскиот шампион Бесир Алили.

Тој се сретна со Бесир и му честиташе на успехот, а потоа се огласи и на својот Фејсбук профил.

-Браво Бесир, ти честитам од се’ срце што ни донесе победа од Фаенца! Со освојувањето на шампионската титула како млад борач ни донесе голем успех со твојата истрајност и посветеност. Го посетив боречкиот клуб Лирија кој од 1977 година е еден од најтрофејните клубови во нашата спортска историја. Честитки до тренерите на Бесир и до сите кои придонеле за успехот на македонското борење“, напиша Пендаровски на Фејсбук.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот