Пендаровски се сретна со Рамацоти: Ерос остави траен белег на музичката сцена

Претседателот Стево Пендаровски пред вечерашниот концерт во Скопје на музичарот Ерос Рамацоти, кој во моментов е во тек, се сретна со големата ѕвезда.

Пендаровски на Фејсбук објави фотографии од средбата и откри за што зборувале.

„Со речиси 20 албуми зад себе и 30 годишна кариера, Ерос Рамацоти остава траен белег на светската музичка сцена. На нашата средба, непосредно пред вечерашниот концерт, промуабетивме за првиот контакт со музиката преку неговата гитара на 7-годишна возраст, па се до интернационалниот успех во 80-тите и 90-тите години на минатиот век. Зборувавме и за неговата втора страст – здрава животна средина“, пиша претседателот Пендаровски на Фејсбук. 

Фото: Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот