Пендаровски се сретна со претседателот на италијанскиот Парламент

Претседателот Стево Пендаровски, кој е во официјална посета на Република Италија, денеска се сретна и со Роберто Фико, претседател на Долниот дом на италијанскиот Парламент.

Како што информираат од Кабинетот на претседателот, двајцата соговорници оцениле дека двете земји имаат одлични билатерални односи во повеќе области од взаемен интерес, кои се темелат на заедничка доверба и различни нивоа на институционално партнерство.

На средбата претседателот Пендаровски рекол дека високо ја цени континуираната поддршка на италијанската Влада и на италијанскиот Парламент за нашиот пат кон евро-атлантските интеграции, заблагодарувајќи се за ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО.

Претседателот Пендаровски, подвлекувајќи ја важноста за натамошно јакнење на меѓу-парламентарната соработка на билатерално ниво преку регионални форуми, додал дека интензивирањето на соработката меѓу парламентарните групи е важна алатка за зајакнување на севкупните билатерални односи помеѓу двете земји.

Во таа насока, била истакната можноста за продлабочување на соработката и размена на искуства меѓу земјите-членки на формираната Група за пријателство во италијанскиот Парламент во која членуваат Италија, Северна Македонија, Косово и Босна и Херцеговина, соопштија од Кабинетот на претседателот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот