Пендаровски се сретна со Маас: Потврдена поддршката од Германија за европската интеграција – Слободен печат
ВестиМакедонија

Пендаровски се сретна со Маас: Потврдена поддршката од Германија за европската интеграција

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу нашата држава и Сојузна Република Германија, при што било констатирано дека двете земји имаат изградено односи на пријателство, исполнети со доверба и взаемно почитување.

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Сојузна Република Германија, денеска се сретна со германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу нашата држава и Сојузна Република Германија, при што било констатирано дека двете земји имаат изградено односи на пријателство, исполнети со доверба и взаемно почитување.

Претседателот Пендаровски оценил дека Сојузна Република Германија е клучен политички партнер и најголем трговски партнер на Република Северна Македонија, држава која постојано дава поддршка за нашите аспирации за членство во Европската Унија и во НАТО. Претседателот Пендаровски изразил задоволство за ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во германскиот Бундестаг.

Пендаровски и министерот Маас размениле мислења за последните случувања поврзани со европската интеграција на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски посочил дека Република Северна Македонија во изминатиот период вложи многу напори во исполнување на европските критериуми и истакнал дека ќе продолжи реализацијата на реформската агенда. Во таа насока, претседателот Пендаровски го реафирмирал очекувањето за одредување на датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close