Пендаровски: Се надевам и за време на вториот круг, ќе го задржиме интегритетот на избирачкиот процес

Претседателот Стево Пендаровски, локални избори 2021/ Фото Facebook Stevo Pendarovski

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска изјави дека се надева оти изборниот ден ќе помине во позитивна атмосфера. Тој посочи дека секоја сериозна држава мора да остане мобилна до крајот на изборниот процес.

-Според досегашните информации, еве веќе половина од изборниот ден во првиот круг се одвива во генерално позитивна атмосфера. Јас се надевам дека до крајот на изборниот ден ќе остане така, и се разбира по 19 часот, во период кога треба да ги пребројуваме и објавуваме резултатите од локалните избори. Сепак, секоја сериозна држава мора да остане мобилна до крајот на изборниот процес, изјави претседателот, откако денеска со сопругата и синот гласаше во населбата Автокоманда.

Пендаровски очекува и на 31 октомври, за време на вториот круг, како што рече, да го задржиме интегритетот и кредибилитетот на избирачкиот процес.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот