Пендаровски: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ блиску до договор

Стево Пендаровски
Стево Пендаровски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Работните групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ се многу блиску до договор за Законот за јавно обвинителство, изјави претседателот Стево Пендаровски, дополнувајќи дека за решавање остануваат уште две или три точки за кои лидерите на двете најголеми политички партии бараат компромис.

И покрај тоа што одржува контакти со Заев и Мицкоски по ова прашање, Пендаровски вели дека клучна за постигнување договор е политичката волја од партиите.

Во случај на евентуален неуспех на преговорите, одлуката за определување датум за преговорите нема да биде загрозена, тврди Пендаровски, бидејќи ова прашање е решено со префрлувањето на предметите во основното јавно обвинителство.

Шефот на македонската држава го повтори и неговиот став дека за доброто на сите ќе биде истрагите за отворените предмети, СЈО да ги води во рамките на постоечкото обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот