Пендаровски: Само Амди Бајрам лежеше затвор!

Во вечерашното интревју на ТВ 24, гостува претседателот Стево Пендаровски, кој вели дека не може да ја разбере Катица Јанева како можела да ја прокоцка довербата која ја имаше од целиот народ.

Пендаровски констатира, дека од сите пратенички состави досега во Македонија, само Амди Бајрам лежел затвор.

-Човекот на кој му беше дадена најголема доверба во историјата, вие тоа да го прокоцкате дружејќи се со пробисвети, криминалци… тоа не можам да го разберам. Да оставиме на судската пресуда. Имаше и поголеми риби, луѓе кои биле десет пати поголеми криминалци, но тоа не значи дека Боки и Катица, доколку го направиле тоа за што се товарат, не треба да одговараат. Само Амди Бајрам од сите парламентарни состави на Македонија досега лежеше затвор. Зарем немало ниту еден од сите парламентарни состави и функции, кој направил некаков криминал?- запрашува Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот