Пендаровски сакал да ги спои Ковачевски и Мицкоски и заедно да гледаат фудбал, ама не успеал

Стево Пендаровски во утрински брифинг / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Средбата меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не се одржува затоа што Мицкоски ја услови со договарање предвремени избори, што е неприфатливо, затоа што на прва средба за запознавање на лидерите не се поставуваат услови, изјави шефот на државата Стево Пендаровски за Канал 5, нагласувајќи дека тоа се информации што ги добил од премиерот.

Тој оцени дека јазот меѓу власта и опозицијата е толку длабок, што нему не му успеало ниту да ги собере на неформално дружење, заедно да го следат фудбалскиот натпревар Македонија-Португалија.

– Од опозицијата ми одговорија дека веќе имаат договорено гледање фудбал на друга локација. Ако не можете да договорите заедничко гледање фудбал, како тогаш ќе договорите средба за решавање на политички прашања, рече Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот