Пендаровски: „Рекет“ не ги промени ставовите на земјите-членки на ЕУ, но да не оставаме простор за сомнеж

Нема промена вo ставовите на ниту една земја членка во насока на ревидирање на веќе искажаниот став за нашето членство во ЕУ, поради аферата „Рекет“,  рече претседателот на државата Стево Пендаровски, но сепак потенцираше дека не треба да се остава простор за сомневање. Тој на денешната прес коференција сподели информација дека изутринава контактирал со негови пријатели во Брисел од каде добил информација.

– И помали афери од оваа може да бидат повод некои земји членки да кажат дека не ни требаат овие од Западен Балкан, затоа не треба да им даваме оправдувања. Не смееме да оставиме ни најмал сомнеж дека не сме способни да расчистиме ваков случај – рече Пендаровски.

Во однос на промената на изборниот модел, тој објасни дека поддржува промена на изборниот модел кој ќе овозможи во парламентот да има повеќе политички партии.

– На тој начин, на долг рок, земјава ќе биде подемократска, ако повеќе граѓани имаат свои преставници во Собранието – рече Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот