Пендаровски: Разговарав со Макрон, модификуваниот француски предлог е далеку подобар за нас

Фото: Стево Пендаровски / Фејсбук

„Денес претседателот Макрон ми соопшти дека ќе направат модификации на францускиот предлог. На две-три места има модификации во консултации со двете страни. Не може никој да зборува во име на цела нација, постојат надлежни институции, не сме држава од третиот свет. Ова сега мораме да го искомуницираме прво во Владата, со македонската јавност и Парламент“, изјави претседателот Стево Пендаровски откако денеска во нашата Влада преку македонското МНР пристигна официјален француски предлог за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија и кревање на блокадата за отпочнување преговори со ЕУ.

Пендаровски рече дека, исто како и премиерот Димитар Ковачевски и бугарската страна, го видел модификуваниот предлог.

-Во Софија е по малку хаотична политичката ситуација, таму нема влада. Модификуваниот францускиот предлог е далеку подобар за нас од претходниот. Дали е тоа доволно добро, засега ќе се воздржам, бидејќи сакам тоа да помине поширок круг на консултации. На препорака на нашите сојузници да не ја загрозиме сензитивноста на процесот. Сакаме да направиме договор кој ќе трае. Во рака мораме да имаме гаранција за македонскиот идентитет и дека никогаш јазик и нација нема да биде споменато никаде. Ако тоа не го добиеме како гаранција од ЕУ, ние не можеме да влеземе понатаму во процесот, рече Пендаровски во изјава за ТВ Сител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот