Пендаровски пречекан со највисоки почести во Србија (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Претседателот Стево Пендаровски претпладнево ја почна дводневната официјална посета на Република Србија. Тој беше пречекан со највисоки државни и воени почести од српскиот претседател Александар Вучиќ пред Палатата Србија во Белград.

ВО ЖИВО | Официјална посета на Република Србија – церемонија на пречек од претседателот Александар Вучић #ПосетаСрбија

Publiée par Stevo Pendarovski sur Vendredi 22 novembre 2019

Пендаровски ќе има тет-а-тет средба со Вучиќ, по што ќе следува и пленарен состанок меѓу делегациите на Република Северна Македонија и на Република Србија.

Претседателот Пендаровски, како што најавуваат од неговиот кабинет, ќе има средба и со претседателката на Владата на Република Србија Ана Брнабиќ и со претседателката на Народното собрание на Република Србија Маја Гојковиќ.

Во рамките на официјалната посета, Пендаровски ќе има средби и со претседателот на Стопанската комора на Република Србија Марко Чадеж и со српски стопанственици.

Пендаровски утре во Нови Сад ќе учествува на 4. Регионален младински форум и ќе се обрати на претседателската панел-дискусија „Обраќање на младите пред претставниците на влаcта: презентирање на политичкиот дијалог пред милениумците”, заедно со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и претседателот на Република Словенија Борут Пахор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот