Пендаровски: Пораките на овој празник нека допрат до нашите срца

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Христовото раѓање, подвлекува, е празник кој дава смисла на нашето човекување и ни ја всадува вербата во подобро утре исполнето со мир, љубов и благосостојба, изјави Пендаровски.

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, упати честитка до граѓаните по повод христијанскиот празник Христовото раѓање – Божиќ.

– Од се срце посакувам празничните денови да ги пречекаме во добро здравје, радост и среќа споделувајќи љубов и хармонија со нашите најблиски. Празничните денови кои ги минуваме во нашите домови исполнети со светлина и топлина, нека не инспирираат да се грижиме и да им подадеме рака на сите на кои им е потребна материјална и духовна поткрепа, стои во честитката од претседателот Пендаровски.

Христовото раѓање, подвлекува, е празник кој дава смисла на нашето човекување и ни ја всадува вербата во подобро утре исполнето со мир, љубов и благосостојба.

– Пораките на овој празник нека допрат до нашите срца и нека не следат цела година давајќи ни сила заеднички да се соочиме со сите предизвици кои ни претстојат. Само со заедништво, солидарност, разбирање и меѓусебна почит ќе дојдеме до личен просперитет и развој и напредок на нашата татковина, порачува претседателот на државата Стево Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот