Пендаровски: По мандатот нема да барам претседателска пензија

Претседатeлот Стево Пендаровски, на денешниот брифинг со новинарите, изјави дека по завршувањето на мандатот нема да бара претседателска пензија и пари за канцеларии.

– Немам намера да барам канцеларија, туку просторија во Министерството за надворешни работи, каде ќе одржувам состаноци и средби како поранешен претседател. Нема да барам ни пензија, ќе продолжам да работам како професор – рече Пендаровски.

Тој исто така нагласи дека ја поддржува иницијативата на невладините организации за намалување на привилегиите на функционерите и рече дека нема да „шета“ со ротациски светла и да блокира сообраќај на крстосниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот