Пендаровски: Патот кон ЕУ и НАТО е единствениот што ќе донесе подобар живот и за пензионерите и за младите

Напредокот што политиките на актуелната Влада го обезбедуваат мора да продолжи затоа што тоа е вистинскиот пат до подобар живот за пензинерите, но и за младите истовремено. Ова денеска го истакна кандидатот за претседател на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски на средба со пензионерите. 

За да се постигне посакуваната цел, како што рече, мораме да продолжиме по вистинскиот и единствен пат, а тој води кон НАТО и ЕУ. Според него, тоа значи сигурност, безбедност и стабилност, но тоа значи и повеќе пари кај граѓаните.

– На овие избори ќе се судрат два концепта кои се многу спротивставени. Мојот концепт е напредокот, државата да биде дел од Европската унија. Другиот концепт е напредокот кој започна да се поништи и да се прекинат сите разговори со ЕУ и со НАТО и да се вратиме назад.Нашиот избор е напред, да одиме напред заедно, рече Пендаровски

Тој посочи дека не смееме да се исцрпуваме со кавги и внатре и со соседите.

– Да му дадеме шанса на овој концепт кој ние го нудиме, да дадеме  ветер во грб на оваа политика, само тој е патот по кој може да одиме. Минатата година беше година на интеграции, а оваа е година на економијата, затоа што заслужуваме подобар живот, подобар стандард, нови и подобро платени работни места, рече Пендаровски.

На средбата присуствуваше и членот на ЦО на СДСМ Мила Царовска, која рече дека како расте економијата така ќе растат и пензиите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот