Пендаровски-Пахор: Не постои друга алтернатива, освен европската интеграција

Фото: МИА

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Нови Сад, се сретна со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, во рамките на 4. Регионален младински форум.

На средбата беше оценето дека двете земји имаат одлични односи кои се карактеризираат со пријателство и меѓусебно разбирање, а беа разменети и мислења за можностите за понатамошно унапредување и збогатување на соработката во повеќе области од взаемен интерес.

За Северна Македонија не постои друга алтернатива, освен европската интеграција, посочи претседателот Пендаровски. Тој се заблагодари за отворената и конструктивна поддршка од Словенија за аспирациите на нашата земја за членство во ЕУ и во НАТО којашто беше потврдена со ратификацијата на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, како и постојаната поддршка во рамките на Европската Унија.

Претседателот Борут Пахор на средбата ги повтори заложбите на Словенија за отпочнување на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија. Во таа насока, претседателот Пендаровски додаде дека интеграцијата на Северна Македонија, како и на другите земји од Западен Балкан во европските структури ќе биде огромен придонес кон трајна стабилизација на регионот, како и просперитетот на нашите општества.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот