Пендаровски оствари неколку средби во рамки на Парискиот мировен форум

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на Парискиот мировен форум оствари билатерални средби со сојузната канцеларка на Република Австрија Бригит Биерлејн, со заменик претседателот на Народна Република Кина Ванг Кишан и со министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров.

На средбата со австриската сојузна канцеларка Бригит Биерлејн, претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, се заблагодарил за безрезервната поддршка и солидарност на австриската влада за европската интеграција на Северна Македонија. На средбата била нагласена потребата од засилена комуникација меѓу двете држави во пресрет на очекувањата за позитивна одлука за датум за отпочнување на претпристапните преговори за членство во ЕУ.

Во разговорот со заменик претседателот на Народна Република Кина Ванг Кишан, претседателот Пендаровски истакнал дека јакнењето на партнерството со Кина е во интерес на нашата надворешна политика и изрази поддршка на конкретните иницијативи што произлегуваат од процесот на соработка меѓу Кина и земјите на Централноисточна Европа 17+1, како и вклучување на Северна Македонија во инфраструктурните проекти кои произлегуваат од „Патот на свилата” што отвора сериозна перспектива за нови инвестиции и јакнење на економијата на нашата земја.

Прочитајте и...  Засега границите со Србија и Косово остануваат отворени

На средбата со рускиот министер за надворешни работи, Лавров, претседателот Пендаровски ја реафирмирал долгорочната стратешка определба на Северна Македонија да биде дел од НАТО и ЕУ, притоа на продлабочена соработка со Руската Федерација на теми од заеднички интерес.
Претседателот Пендаровски ја поздравил претстојната седница на Мешовитата владина комисија за трговско-економска соработка во Охрид, со цел реализација на бројни активности во насока на интензивирање на соработката меѓу двете држави на економски план.

Прочитај повеќе

Регистрирани 147 нови случаи на коронавирус во земјава, починаа 6 лица

Слободен печат

Трамп од Рашмор со пораки на раскол и повик за културна војна против неистомислениците

Слободен печат

Заев: Целиот демократски свет не охрабри дека сме на вистинскиот пат и дека така треба да продолжиме

Слободен печат

Филипче: Болницата во Кавадарци пример за одговорно работење (ФОТО)

Слободен печат

Болсонаро го одобри законот за задолжително носење маска на јавни места

Слободен печат

Изработен прирачник „Купувам домашно“ со објаснување што сè спаѓа во домашни производи

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Северна Кореја ги отфрли надежите за продолжување на преговорите со САД

Слободен печат

Ново жариште во Италија: Се вратил од Косово и место да седи во самоизолација, правел забава

Слободен печат

Белградската „Штарк арена“ повторно станува ковид-болница

Слободен печат

Вице Заев: Објавените разговори се рекла-кажала лаги од трети лица

Слободен печат

Во Хрватска нови 86 заразени со корона вирус

Слободен печат

На протест во Рим здружните десничарски партии побараа предвремени избори

Слободен печат