Пендаровски одржа средба со Палмер: За земјите од регионот нема други алтернативи освен членство во ЕУ

Одбележување 25-години од воспоставувањето на билатералните односи меѓу САД и Република Северна Македонија следната година, како и очекуваното скорешно зачленување на нашата земја во НАТО ќе даде дополнителен импулс за натамошно зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете пријателски држави.

Ова денеска го истакнал претседателот Стево Пендаровски, кој оствари средба со специјалниот претставник на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Метју Палмер.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски, беа разменети мислења за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и САД, како и за состојбите во регионот.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за ратификацијата на Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО од страна на американскиот Сенат и изрази уверување дека ќе продолжи безрезервната поддршка на САД за остварување на стратешките цели на државава.

Пендаровски, како што се наведува во соопштението, ја истакна важноста на неодамнешната посета на државниот секретар на САД, Мајк Помпео на Северна Македонија, оценувајќи ја како потврда за стратешкото партнерство меѓу двете земји и заедничките заложби за стабилен и просперитетен регион.

На средбата претседателот Пендаровски истакна дека за земјите од Западен Балкан не постојат други алтернативи, освен членство во Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот