Пендаровски одржа средба со Александар Сорос

Претседателот Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил објави дека одржал средба со претседавачот на Фондациите Отворено општество Александар Сорос, син на познатиот филантроп Џорџ Сорос.

„Продуктивна средба со Александар Сорос за време на мојата посета на Париз и размена на мислења за актуелните состојби во регионот. Александар ме информираше за тековните програми на Фондацијата Отворено општество во регионот, со акцент на програмите за поддршка на развојот на младите луѓе“, напиша Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот