Пендаровски предлага вонреден Самит на земјите од Западен Балкан (ВИДЕО)

Претседателот Стево Пендаровски изрази благодарност за поканата, како и за срдечниот пречек во Тирана, каде одржа прес-конференција со албанскиот претседател Илир Мета, па порача Земјите од Западен Балкан во наредниов период да одржат вонреден самит, на кој ќе се разговара за проширувањето, за добрососедските односи, притоа да се отфрлат алтернативите за проширувањето.

-Односите на нашата земја и Албанија во континуитет бележат позитивен тренд на развој. Северна Макеоднија и Албанија остваруваат плодна и интензивна соработка, што претставува потврда за одлична соработка меѓу двете држави. Нас не поврзуваат многу работи, заедничката историја, заедничката географија, заедничката евроинтеграција, како и заедничките предизвици во делот на општествените реформи и трансформации- посочи претседатело Пендаровски.

Нашата земја, истакна Пендаровски, како еден од највисоките приоритети го има градењето на добрососедство.

-Северна Македонија има приоритет кон градење на добрососедство, што особено е нагласено во изинативе две- три години, а за што е потврда и оваа моја посета на пријателска Албанија, која ја остварувам една зедмица по исходот на самитот на ЕУ, би рекол во време на вонредни околности во регионот- рече Пендаровски.

Пендаровски истакна дека го информирал Илир Мета за лидерската средба одржана кај нас, како и за закажаните предвреме ни избори, па двајцата како лидери се договориле да ги поддржуваат сите политички фактори во нашите држави. Да продолжат со обврските кон исполнување на реформите, како и да ги убедат европските лидери дека преговорите со земјите во регионот се влог во стабилоноста и просперитетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот