Пендаровски одржа средба со Ламберц

Реафирмирање на очекувањето дека Европскиот совет во октомври ќе одреди датум за почеток на пристапните преговори за членство на Македонија во Европската унија изрази денеска претседателот Стево Пендаровски на средбата со претседател на Европскиот комитет на регионите, Карл-Хајнц Ламберц.

Пендаровски напомена дека тоа ќе биде поттик за натамошно интензивирање на реформскиот процес, а во функција на севкупниот напредок на државата.

Претседателот изрази задоволство за посетата, која е поддршка на аспирациите на државата за членство во Европската унија.

Двајцата соговорници ја истакнаа важноста на процесот на децентрализација и на соработката на локално ниво меѓу градовите и регионите, како важен предуслов за адресирање на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, меѓу кои климатските промени, енергетската ефикасност, животната средина и безбедноста.

Претседателот Пендаровски оцени дека посетата на претседателот на Европскиот комитет на регионите на Македонија претставува можност за натамошна соработка и пренесување на искуства, а во функција на подготовка на единиците на локалната самоуправа во Северна Македонија за идното членство на државата во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот