Пендаровски оддржа средба со дел од учесниците на „Охридски дијалог“

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Охрид се сретна со дел од учесниците на конференцијата „Охридски дијалог”.

На средбата со Џорџ Робертсон, претседавач со Охридската група и поранешен Генерален секретар на НАТО, претседателот Пендаровски му се заблагодарил за досегашната поддршка што тој лично, но и Охридската група како целина безрезервно ја даваат за Македонија.

На маргините на „Охридскиот дијалог” претседателот Пендаровски се сретнал и со челните луѓе на Атлантскиот совет и високи претставници на НАТО, односно Александер Вершбоу, Дејмон Вилсон, Марк Лејти, Џорџ Базби и Алесандро Минуто – Ризо.

Претседателот Пендаровски, соопшти неговиот кабинет, искажал задоволство од брзата ратификација на пристапниот протоколот за полноправно членство на Македонија во НАТО. Тој посочил дека протоколот за членство на земјата во НАТО во своите парламенти преостанува да го ратификуваат уште три земји, односно Франција, Холандија и Шпанија.

На средбата претседателот Пендаровски го реафирмирал ставот дека единствена алтернатива за Северна Македонија е членство во НАТО и во Европската Унија.

– Патот до Алијансата веќе е на самиот финиш. Станувајќи 30-та членка на НАТО ќе биде загарантирана безбедноста и сигурноста на Северна Македонија, истакнал претседателот Пендаровски и додал дека „единствена алтернатива за земјата е полноправно членство во НАТО и во Европската Унија”.

Во таа насока, подвлекол претседателот Пендаровски, и покрај скорешното разочарување од не добивањето датум, Северна Македонија пред се, поради своите граѓаните, неопходно е со побрзо темпо да ги заврши започнатите реформи. На тој начин, заклучи претседателот Пендаровски, ќе создадеме општество со европски вредности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот