Пендаровски од Дојран и Богданци: Да го исполниме заветот на борците, пред чиј споменик стоиме

Стево Пендаровски кандидатот за претседател поддржан од граѓаните и од 31 политичка партија, на средби со жителите на Дојран и Богданци, ги повике граѓаните во недела, на 21 април, со својот глас  за бројот 3 да одлучат за сигурна иднина и да изберат напредок за европска држава

Со гласот за Гордана Сиљановска  може да се вратиме само назад, во времето Груевизмот и да се  продолжат штетните политики на Иванов, додаде тој.

„Ајде да излеземе  масовно на гласање во недела и да избереме напредок. Заедно да победиме, заедно да одиме напред. Да го исполниме заветот на борците,  пред чиј споменик стоиме и кои ни дадоа аманет-Ние се втемеливме, вие градите. Во изминативе речиси две години сите сме сведоци на еден целосно нов пристап во односите со соседите, кој ги решава најтешките  проблемите, и ги отвора портите на Северна Македонија кон напредок, сигурна иднина и светот.“, рече кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

Пендаровски побара максимална мобилизација на изборите , бидејќи станува збор за патот по кој треба да продолжи земјата, секој глас е важен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот