Пендаровски од Белград: Со Србија се стремиме кон иста цел, ЕУ не смее да го изостави Западен Балкан

Стево Пендаровски и Александар Вучиќ / Фото: Фејсбук

Претседателот Стево Пендаровски, денеска се наоѓа во официјална посета на Белград, каде беше пречекан со сите почести.

Во рамките на својата посета на соседна Србија, Пендаровски оствари и средба со претседателот Александар Вучиќ, од која објави и фотографии на својот Фејсбук профил. 

„Пријателството со Србија во иднина очекувам да го градиме уште поинтензивно бидејќи споделуваме заедничко минато и се стремиме кон иста цел – членство во ЕУ. За нашите стратешки цели денеска имав корисен разговор со претседателот на Србија, Вучиќ. Европската Унија не смее да го изостави Западен Балкан. Единствената гаранција за стабилност, сигурност и просперитет за регионот е членство во ЕУ“, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот