Пендаровски објави видео спот со кој го најави почетокот на кампањата

Фото: Арбнора Мемети

Денеска на своите профили, заедничкиот кандидат за Претседател на 30 политички субјекти го промовираше видео спотот за песната „Сите едно пееме”, со која и го најави официјалниот старт на кампањата.

Видео спотот носи силна визуелна поткрепа од убавините на нашата земја, планинските врвови и реки и единственото македонско зајдисонце, прекрасното Охридско езеро, револуционерното Крушево, старата скопска чаршија и традициите кои живеат во неа, хероите на македонскиот спорт и уште многу други, стои во официјалното соопштение на СДСМ.

„Заедно напред. Затоа што заслужуваме модерна, Европска држава”, вели Пендаровски на крајот од видеото.

Видео спотот од песната „Сите едно пееме” можете да го погледнете на YouTube каналот на Стево Пендаровски и на официјалните профили на Пендаровски на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот