Пендаровски: Неприфатлива е дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет

Парада на гордоста во Скопје
Парада на гордоста во Скопје / Фото EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Неприфатлива е дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет, напиша претседателот на државата, Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил по повод Меѓународниот ден против хомофобија и трансфобија.

– Сите треба да ги уживаат основните човекови права и не смее да има исклучоци по ниту еден основ. Како општество за жал не сме имуни на предрасуди, стигматизација и говор на омраза кон лицата кои се дел од ЛГБТИ заедницата.

Денеска, но и секој следен ден, институционално, но и како поединци да придонесеме кон зголемување на свеста за прифаќање на различноста и почитување на правото на избор, стои во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот