Пендаровски: Немам намера да го амнестирам Заев

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Слободна Европа вели дека се залага за помирување, а на забелешките на ВМРО-ДПМНЕ дека помирувањето го сфаќа како амнестија за премиерот Заев и неговите, вели дека нема намера да го амнестира Заев или неговите блиски, ако сториле криминал.

– Јас и тогаш во тие разговори кои ги имавме во одредени неформални форуми, јас го пренесов мојот став и не ми е воопшто тешко тоа да го кажам сега и јавно, дека ако е тоа проблем, јас се сомневам дека тоа е причината дека јас зад помирувањето гледам амнестија за Заев и неговите, ако е тоа потребно, можам и јавно да кажам дека немам никаква намера и денес и во следните пет години да го амнестирам Зоран Заев ако направил криминал и кого било од неговите блиски соработници во партијата или во Владата ако направиле криминал. Тоа можам да го кажам и да се држам до тоа до крајот на мандатот – вели Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот