Пендаровски нема намера да патува во Софија за да расправа за историја

Стево Пендаровски, претседател на РСМ/Фото: МИА

Претседателот на државата Стево Пендаровски оцени дека реториката меѓу Македонија и Бугарија во последниот период е „смирена“, за што како причина ја наведе усвоената преговарачка рамка.

Во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема” на „Телма“, Пендаровски рече дека со неговиот бугарски колега Румен Радев „сака да разговара за реални европски теми како што се економијата, инфраструктурата…“. За историски теми, како што рече, нема намера да патува во Софија.

„Јас и сега тврдам и во наредните години, независно од која позиција ќе бидам, немам намера да одам во Бугарија и да зборувам за историја. Моја стара теза е дека кога зборуваме за европски интеграции, не смее да се концентираме за историјата. За жал, од 2019 година Софија ја претвори таа тема како предуслов за напредување. Мене ми е драго што во преговарачката рамка, историјата се споменува само во делот на билатералниот договор и Комисијата на историчари. За историски теми немам намера да го трошам патот и да патувам во Софија и да разговараме со Радев за окупатори или администратори“, рече Пендаровски.

Тој додаде дека во 2019 година „нема добиено мандат за да ја враќа државата во 19 век“.

„За сè друго немам добиено мандат во 2019 година, да ја враќам мојата држава во 19 век или да зборувам за Цар Самоил, за 10 или 11 век“, рече претседателот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот