Пендаровски: Нема логика за одложување на изборите закажани за 12 април

Фото: МИА

Претседателот Стево Пендаровски, во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат, изјави дека сега не постои никаква логика за преместување на изборите, закажани за 12ти април.

Според него, закажување на датумот на изборите по 6 месеци беше неопходно заради формирањето на Техничката влада 100 дена пред изборите.

– На само неколку месеци по 12 април влегуваме во термин за редовни избори и не можам да видам која партиска или државна логика би барала тие избори да се одложат – вели Пендаровски во емисијата „200“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот