Пендаровски: Недозволено малку, како држава одвојуваме за образованието

Фото: МИА

Многу малку, недозволено малку, како држава одвојуваме за образованието. Процентот по глава на жител во Европа покажува дека сме на дно, истакна денеска претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на презентацијата на проектите реализирани во рамки на студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere INNO SAE, на Факултетот за електротехника и информациските технологии во Скопје.

Тој истакна дека одвојувањето на средства за истражување и развој е многу мало.

– Не постои држава која има задоволителн економски раст, а одвојува толку малку, како што ние како држава одвојуваме со децении за жал, во оваа област, рече претседателот.

Тој, во однос на проектите, изготвени од страна на студентите, истакна дека се „пионерски потфат”, на кој треба да се огледаат и другите Универзитети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот