Пендаровски: Не го дискредитирам Обвинителството

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Претседателот на државата Стево Пендаровски реагира на соопштението на Јавното обвинителство, кое неговото вчерашно обраќање го доживеа како притисок и мешање во нивната работа.

„Претседателот во своето обраќање по ниту еден основ нема направено дискредитација на Јавното обвинителство, ниту пак постои намера за напаѓање на надлежните институции и мешање во кривичните постапки коишто се во тек. Потенцираме дека Претседателот Пендаровски во своето обраќање изрази целосна поддршка за надлежните институции, а особено на обвинителството и судот и истакна дека ќе стори се, за да ги заштити од евентуалните притисоци при спроведување на истрагата и целосно расветлување на случајот „Рекет“, се вели во соопштенитето на претседателот.

Од неговиот кабинетот уште еднаш укажува на тоа дека е потребно ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за случајот „Рекет“ почитувајќи го начелото на презумпција на невиност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот