Пендаровски: НАТО успешно се прилагодува на новите закани

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Солидарноста, демократијата и слободата се клучните вредности на Алијансата. Солидарноста искажана во конститутивниот акт на НАТО каде  членот 5 првпат влезе во употреба по нападите од 11 септември. Демократијата пак има голема вредност, бидејќи земјите членки откога станале дел од Алијансата ниту една од нив не станала диктатура, односно останала демократија. Во однос на слободата, членките на Алијансата се многу подобри од која било друга држава или регионална организација во светот.

Ова денеска го истакна претседателот Стево Пендаровски на дебатата со студентите на Факултетот за безбедност насловена „Улогата на Република Северна Македонија во НАТО: Цели, предизвици и можности” на кој учествуваше и амбасадорката на САД во нашата држава Кејт Мари Бернс, во рамки на  НАТО Караванот низ неколку градови во државата, а во организација на Инфо центарот за евроатлантски интеграци.

– Она што е многу важно за малите држави кои се членки или сакаат да станат членки на Алијансата е плурализмот, се почитува плурализмот на членките бидејќи секоја држава има еден глас по клучниот програм на НАТО, Северноатлантскиот совет кој ги носи најтешките одлуки, истакна Пендаровски пред студентите посочувајќи им на важноста од членството наспроти гласините дека НАТО е застарена организација.

Тој рече дека НАТО успешно се прилагодува и на новите закани. Тероризмот со религиозен предзнак е закана за членките на НАТО. – Тоа е закана на сите континенти, а гледаме дека тоа се случува блиску до нас, рече Пендаровски и додаде дека ние сме предмет на напад и со т.н. „фејк њуз”, односно лажни вести со кои, како што рече, се обидуваат да се поткопаат демократските вредности.

Претседателот потсети и на трите мисии во нашата држава во 2001 година, меѓу кои првата беше за предавање на оружјето од нашите граѓани, а другите две беа за стабилизација на поранешните кризни региони. Тие мисии, рече тој, беа да ја стабилизираат државата по конфликтот, а тоа, според него, е и главната причина што Европската унија ни даде кандидатски статус.

За придобивките од членството во НАТО пред студентите од Факултетот за безбедност и питомците од Воената академија говореше и амбасдорката Бернс, за кои рече дека САД тоа го искусиле преку употреба на членот 5 по нападите од11 септември во 2001 година во Њујорк и Вашингтон.

– Предизвиците опфаќаат и закани кои доаќаат од различни земји, а посебно од Русија за која сте сведоци дека напаѓа соседи и окупира територии. Таа Русија која се обиде да ги поткопа западните демократии преку сајбер напади и разни информацииски кампањи, истакна Бернс.

Таа посочи дека покрај придобивките, Северна Македонија треба да прифати и одговорност, односно да одвои два приоценти од БДП на земјата за буџетот на Армијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот