Пендаровски на Виртуелниот глобален самит за борба против ковид-19: Крај на пандемијата и закрепнување

Стево Пендаровски
Стево Пендаровски / Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на Виртуелниот глобален самит за борба против ковид-19: Крај на пандемијата и закрепнување, организиран од претседателот на САД, Џо Бајден.

Самитот се одржува на маргините на 76. Генерално собрание на Обединетите нации, што се одржува во Њујорк.

Пендаровски синоќа во Њујорк се сретна со поранешниот амбасадор на САД во Скопје Џес Бејли.

Шефот на државата на Фејсбук објави дека му се заблагодарил на Бејли за постојаната поддршката што земјава ја добива од САД.

– Во Њујорк се сретнав со поранешниот американски амбасадор во нашата држава, Џес Бејли. Разговаравме за актуелните состојби во Северна Македонија и за случувањата во поширокиот регион. Му се заблагодарив за континуираната и безрезервна поддршка којашто САД и ја дават на Република Северна Македонија, наведува Пендаровски во објавата на Фејсбук.

Извор: МИА

Видео на денот