Пендаровски на средба со Вучиќ во Белград

Фото: МИА

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски денеска и утре престојува во официјална посета на Република Србија, каде што ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Србија Александар Вучиќ.

Пендаровски ќе има тет-а-тет средба со српскиот претседател Вучиќ во Палата Србија во Белград, по што ќе следува и пленарен состанок меѓу делегациите на Македонија и на Република Србија.

Претседателот Пендаровски, како што најавуваат од неговиот кабинет, ќе има средба и со претседателката на Владата на Република Србија Ана Брнабиќ и со претседателката на Народното собрание на Република Србија Маја Гојковиќ.

Во рамките на официјалната посета, Пендаровски ќе има средби и со претседателот на Стопанската комора на Република Србија Марко Чадеж и со српски стопанственици.

Пендаровски утре во Нови Сад ќе учествува на 4. Регионален младински форум и ќе се обрати на претседателската панел-дискусија „Обраќање на младите пред претставниците на влаcта: презентирање на политичкиот дијалог пред милениумците”, заедно со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и претседателот на Република Словенија Борут Пахор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот