Пендаровски на првиот работен ден со порака до граѓаните: Време е да ги залечиме отворените рани од скорешното минато

Стево Пендаровски
Стево Пендаровски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Првиот работен ден новиот претседател Стево Пендаровски го почна со пораки за граѓанско помирување и залекување на отворените рани од скорешното минато.

„Време е да ги залечиме отворените рани од нашето скорешно минато и реално да го започнеме граѓанското помирување, затоа што немаме резервна татковина која можеме да ја наречеме наш дом. На тој пат сакам да се вложам без остаток, не водејќи сметка за сопствениот политички рејтинг. Сите добронамерни луѓе, политичари и партии што ќе решат да одат по истиот тој пат ќе ја имаат мојата поддршка“ порача утрово Пендаровски преку Фејсбук.

На првиот работен ден од претседателскиот мандат, Пендаровски во „Вила Водно” ќе има средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самоел Жбогар.

На вчерашната инаугурација во Собранието на Република Северна Македонија, Пендаровски рече дека ќе биде претседател на сите граѓани, и на оние кои гласаа за него, и на оние кои гласаа за неговите противкандидати, како и на оние кои не излегоа на гласање.

БОНУС ВИДЕО

Како се калеше Стево за претседател

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот