Пендаровски-Мишел: Справувањето со пандемијата со вирусот Ковид-19 е апсолутен приоритет на сите земји во овие моменти

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во кој се заблагодари за неговата јасна и отворена поддршка за одлуката за почеток на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во Европската Унија, истакнувајќи дека со таквиот чин Унијата, во вонредни околности, потврдила дека местото на државите од Западниот Балкан е во заедничкото европско семејство.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, Пендаровски во овој контекст се интересирал за динамиката за подготовка и усвојување на преговарачката рамка за нашата држава и за временската рамка за одржување на првата меѓувладина конференција.

Пендаровски изразил разбирање за одложувањето на Самитот на лидерите на ЕУ и на земјите од Западен Балкан кој требаше да се одржи на 7 мај во Загреб, нагласувајќи дека справувањето со ширењето на пандемијата со вирусот Ковид-19 е апсолутен приоритет на сите земји во овие моменти. Сепак, тој изразил надеж дека ќе се задржи темпото на работа и одлучување преку нови технички модалитети како, на пример, видео конференции, а во интерес и на ЕУ на државите од Западен Балкан.

Соговорниците размениле информации за состојбите во Унијата и кај нас, поврзани со справувањето со последиците од ширењето на КОВИД-19. Пендаровски го информирал Мишел за мерките и активностите што надлежните институции ги преземаат во справувањето со последиците од пандемијата, како и очекуваните предизвици со кои земјата ќе се соочува во следниот период справувајќи се со последиците од епидемијата.

Претседателот Пендаровски се заблагодарил за помошта која Европската Унија ни ја дава преку фондовите на ЕУ како и на билатерално ниво што земји-членки ја донираат во медицинска и заштитна опрема.

Беше констатирано дека покрај фактот дека Европската Унија е клучниот трговски и економски партнер на нашата држава, од почетокот на пандемијата, Унијата пружа и значајна финансиска помош. Досегашната поддршка изнесува околу 69 милиони евра од кои 4 милиони за итна поддршка за здравствениот систем, 3 милиони директна буџетска поддршка, 12 милиони за приватниот сектор и 50 милиони евра за помош на економијата, со цел социо-економско закрепнување на земјата поради последиците од епидемијата на коронавирусот.

Во телефонскиот разговор претседателот Пендаровски изразил солидарност со најголемите земји-членки на Унијата, кои се и најмногу погодени од пандемијата, и изрази очекување дека со солидарност и тесна соработка на европскиот континент, ќе биде добиена и оваа битка, како и справувањето со предизвиците кои ги носи глобалната здравствена, економска и социјална криза предизвикана од КОВИД-19.

Прочитајте и...  Тепиќ: Го пријавив во Интерпол „исчезнувањето" на српскиот Републички јавен обвинител Загорка Доловац

Прочитај повеќе

Ирските пабови пред банкрот

Слободен печат

Трамп најави повлекување на американските војници од Авганистан

Слободен печат

Историски план на Макрон: Осум милијарди евра помош за производителите на автомобили

Слободен печат

Укинат полицискиот час, бројот на заразени од Ковид-19 надмина две илјади

Слободен печат

Владата треба да направи проценка дали е потребна нова вонредна состојба, исход за датум за избори

Слободен печат

Облачно време со дожд и ветер, температура до 22 степени

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото денеска?

Слободен печат

Димитров ќе земе учество на конференција на Советот на Јадранско–јонската иницијатива

Слободен печат

„Излегувај надвор“- Жена без маска грубо избркана од маркет од купувачите (ВИДЕО)

Слободен печат

Венецуела со авиони ловци ги штити петте иранските танкери

Слободен печат

Еваристе Ндајишимије избран за претседател на Бурунди

Слободен печат

Филипче: Само со придржување до мерките може постепено да се враќаме во нормала, алтернатива на тоа е строга рестрикција

Слободен печат