Пендаровски – Мичел: Продолжува поддршката на НДИ за демократизација на земјата

Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими амбасадорот Дерек Мичел, претседател на Националниот демократски институт (НДИ), регионалниот директор за Европа, Роберт Бенџамин и регионалниот директор на НДИ за Азија, Манприт Ананд, како и претставници на институтот од Северна Македонија.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, на средбата, соговорниците разговараа за севкупните активности на НДИ во Република Северна Македонија во насока на поддршка на демократските процеси во државата, промоцијата на младинското лидерство, поддршка на невладиниот сектор, на изборниот процес, како и поддршка на маргинализирани групи.

– Претседателот Пендаровски се заблагодари за соработката и поддршката од НДИ за Претседателскиот центар за политичко образование и реализацијата на првата Школа за политики, како централна активност на центарот, која во себе обединува учесници со различно потекло и професионално минато и е насочена кон промоција на демократските вредности. Претседателот Пендаровски изрази очекување за продолжување на успешната соработка, се наведува во соопштението.

На средбата беа разменети мислења и информации за актуелните состојби во земјата и регионот, состојбата со ЕУ интеграциите, како и соработката на државата со САД, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот